Во „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години во Скопје, денеска почнува разигрувањето за пласман.

Македонските кадети не успеаја да изборат место меѓу осумте најдобри, оние што ќе играат во четвртфиналето, па сега ќе разигруваат за пласман од 9 – 12 место.

Данска ќе биде прв противник на црвено-жолтите. Оваа селекцијата во првата фаза по групи ги загуби првите три натпревари, а потоа оствари две победи.

Подобриот од овој натпревар ќе оди на „мегдан“ на победникот од дуелот Португалија – Исланд во натпревар за деветтото место.

Дуелот Македонија – Данска што ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18.30 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.