Машка кадетска репрезентација на Македонија со победа ја заврши групната фаза во „Б“ дивизијата на Евробаскетот за кошаркари до 16 години.
Во последното коло од „Д“ групата, на првенството што се игра во Скопје, Македонија ја совлада Австрија со 95-88.
Сепак ова беше пирова победа. Македонија групната фаза ја заврши како трето пласирана со три победи и еден порази. А, токму тој, вчерашниот пораз од Естонија, не чинеше четвртфинале.
И пред овој натпревар беше јасно дека црвено-жолтите ќе останат без четвртфинале. Тоа откако во првиот меч од оваа група, Шведска минимално ја совлада Естонија.
Така Швеѓаните и Естонците се оние кои ќе играат во четвртфиналето. Македонија и Австрија ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место.