Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство (Б дивизија) во Скопје.
Во рамките на 3.коло на „Д“ групата, Македонија за противник ќе ја селекцијата на Шведска.
Откако пред два дена ја надиграа Украина со 28 разлика, сега македонските кадети ќе атакуваат на втората победа. Но, младите „Викинзи“ не се наивен противник. И тие во првиот настап забележаа убедлива победа со 27 разлика против Австрија.
Оттаму двете селекции, заедно со Естонија се претенденти за првите две позиции кои водат во четвртфиналето.
Победникот од овој натпревар ќе направи голем исчекор до место меѓу осумте најдобри на првенството.
Дуелот Македонија – Шведска ќе се игра во СЦ „Кале“ во стандардниот термин од 18.30 часот.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.