Тринаесеттиот ден на Олимписки Игри во Париз започна во раните утрински часови со 10.км трка во пливање во женска конкуренција.
Она што за нас е интересно е што денеска ќе имаме настап на двајца македонски спортисти.
Прв ќе се појави борачот Владимир Егоров кој ќе настапи во категоријата до 57 килограми слободен стил. По Егоров, ќе следува настапот на таеквондиската Милјана Рељиќ (57 кгр).
Ќе бидат поделени повеќе сетови на медали во индивидуалните спортови, а во колективните започнува разврската за медалите. На програмата се полуфинални дуели во неколку спортови по кои ќе знаеме кои селекции ќе борат за златото, а кои за бронзата.
Во продолжение распоред на натпреварите.
ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА





































