Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја продолжи победничката низа на Евробаскетот во Скопје. Со седмата победа Македонија е во финалето, но и елитната „А“ дивизија за кошаркари до 18 години.
Освен воведните 3-4 минути кога се играше кош за кош, се натаму беше во знакот на макеоднските кошаркари. Црвено-жолтите ги добија првите два периоди и на одмор заминаа со 15 поени предност (53-38).
Во третиот период имаа Македонците и најголеми +19 (59-40), но тука подзастанаа. Му дозволија на противникот да направи низа и во последната четвртина да влезе само со седум негатива (69-62). Немаа сили младине кошаркари на нашиот источен сосед да направат „чудо“, а македонскиот менталитет на борбеност дојде до израз. На крајот заслужено Македонија ја надигра Бугарија со конечни 92-68.
Со оваа победа и пласманот во финалето, оваа генерација на играчи и овозможи на следната да игра во елитната „А“ дивизија на ЕП 2025-та.
Кој ќе биде противник на Македонија во дуелот за златниот медал ќе дознаеме по натпреварот Полска – Австрија.