По еден ден пауза денеска продолжуваат натпреварите на Европското првенство за кошаркари до 18 години („Б“ дивизијата) во Скопје.
Македонските јуниори ги очекува потешкиот дел од работата, разигрувањето за пласман во горниот дел од табелата.
Откако нашите надежи групната фаза ја завршија со максимални пет победи и го освоија 1.место во Ц групата, тие си обезбедија четвртфинале.
Првичната цел е исполнета, но сега избраниците на селекторот Горан Андреевски имаат поголеми амбиции. Во конкуренцијата на осумте најдобри црвено-жолтите ќе се обидат да стигнат до позициите кои водат во „А“ дивизијата. Задачата нема да биде лесна, бидејќи сега конкуренцијата е многу поквалитетна.
Прв предизвик за македонските јуниори ќе биде репрезентацијата на Португалија. Во дуелот против популарните „морепловци“ нашите надежи ќе бркаат полуфинале. Доколку успеат да ги минат, тогаш во дуелот за финалето би играле против подобриот од натпреварот Швајцарија – Бугарија.
Македонија и Португалија својот четвртфинален натпревар ќе го игра во СЦ „Кале“, а почетокот е закажан за 18.30 часот. Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ЕП (Б дивизија) МАЖИ ДО 18 ГОДИНИ – Скопје
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
18.30 МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
18.30 ЦРНА ГОРА – ПОЛСКА
21.00 АВСТРИЈА – ЧЕШКА
21.00 ШВАЈЦАРИЈА – БУГАРИЈА