Втор ден натпревари на Европското првенство „Б“ дивизија за кошаркари до 18 години што се одржува во Скопје.
По вчерашната победа, по продолжение, против Ирска, македонските јуниори денеска ќе имаат уште потешка задача. Избраниците на селекторот Горан Андреевски попладнево за противници ги имаат врсниците од БиХ.
Босанците кои важат за едно од главните фаворити за највисок пласман вчера го декласираа Кипар со 53 разлика.
„Ја реализиравме првичната цел, извојувавме победа над Ирска и тоа е најважниот момент.
Сепак, ќе мора да ги намалиме бројот на загубени топки доколку сакаме добар резултат во следните натпревари.
Сметам дека станува збор за две приближно, слични репрезентации. Би рекол дека Босанците се во некоја минимална предност, затоа што вчера имаа полесен противник, се малку поодморени во однос на нас.
Но без оглед на тоа, очекувам да се надминеме себеси, и дека ќе пружиме доста подобра игра, дека ќе одиграме како што знаеме да играме, и дека ќе се радуваме на уште една победа“,
вели селекторот Андреевски.
Дуелот меѓу Македонија и БиХ е еден од трите од 2.коло во Ц групата. Денеска играат Украина – Кипар и Ирска – Чешка.
Натпреварот меѓу Македонија и БиХ, ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.