Со само една победа и шест убедливи порази, Македонија не можеше да не надева на ништо друго освен претпоследно место на Европското првенство.
Репрезентацијата до 20 години оствари победа над Црна Гора во натпреварот за избегнување на дното на табелата, на Евробаскетот во Полска.
Во дуелот на двете селекции кои најмалку покажаа на ова првенство, до првата победа стигнаа жолто-црвените со 81-69.
Иако Црногорците ја добија првата четвртина со 11-15, веќе во следната нашите младинци го свртеа резултатот. Го добија тој период од играта со 26-12 и на одмор заминаа со +10 (37-27). Во ист ритам продолжив и во третиот квартал, па во последниот влегоа со +20 (62-42). Таа предност беше недостижна за противникот на Македонија стигна до првата победа со конечни 12 разлика (81-69).
Но и по неа нема простор за многу радост, бидејќи двете заедно, следната година ќе играат во второлигашката „Б“ дивизија.
Таму ќе се пресели и поразената селекција од дуелот меѓу Турција – Исланд кои играат за 14-тото место.