Ракометарите на Вардар ги добија дел од противниците за новата сезона во ЕХФ Европската лига.

Вардарци се сместени во Ф група, во која сигурно ќе игра против екипата Порто.

Останатите два противника ќе ги дознае по квалификациите. Можни ривали на црвено-црните ќе бидат победниците од дуелите меѓу германскиот Мелсунген и норвешкиот Елверум, односно Валур од Исланд и хрватскиот Спачва Винковци.

Квалификациите се закажани за 31 август и 1 септември, додека реваншите на 7 и 8 септември.

Тимовите ќе бидат поделени во осум групи, а натпреварите (вкупно по шест, дома и гости) ќе се играат од 8 октомври до 26 ноември. Две првопласирани екипи од групите ќе продолжат во разигрувањето.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР:

1 коло, 08/10/2024, 20:45, Вардар – Валур/Спачва Винковци
2 коло, 15/10/2024, ???, Мелсунген/Елверум – Вардар
3 коло, 22/10/2024, 20:45, Вардар – Порто
4 коло, 30/10/2024, 20:45, Порто – Вардар
5 коло, 18/11/2024, ???, Валур/Спачва Винковци – Вардар
6 коло, 26/11/2024, 20:45, Вардар – Мелсунген/Елверум