Двете македонски екипи во Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија, вечерва ќе ги играат реванш дуелите од првото квалификациско коло.

Кавадарчани на гостувањето во Исланд, во дуелот со Бреидаблик ќе влезат со предност од еден гол. Тиквеш го доби првиот меч во Скопје и тоа со пресврт со 3-2 иако имаше негатива од два гола.

Два гола пак ќе треба да надополни екипата на Шкендија во натпреварот со ерменската екипа Ноах. На гостувањето во Ереван, тетовци загубија со 0-2.

Дуелот меѓу Шкендија и Ноах ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 20 часот, додека од 21.15 часот, ќе почне натпреварот на Исланд.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Без разлика на исходот на овие натпревари, Македонија и во второто квалификациско коло ќе има свој претставник. Тоа ќе биде првакот Струга Трим Лум, кој вчера беше елиминиран од Лигата на шампионите. Стружани во втората рунда на Конференциската лига ќе играат против ерменскиот Пјуник.