Младите македонски ракометари ја остварија и втората победа во втората фаза од Европскиот шампионат во Словенија. Откако вчера ја совладаа Полска, македонските младинци денеска беа подобри од Романија со 31-26.
Во поголемиот дел од првото полувреме Романците беа оние кои имаа предност, а во еден миг и од три гола разлика. Сепак на пауза се замина со израмнети 15-15.
Во вториот дел тотална доминација на македонските надежи. Од минута во минута ја зголемуваа предноста, а најголемата изнесуваше 9 гола во два наврати. На крајот Романците може да бидат и задоволни што изгубија само со пет разлика (26-31).
Сите македонски репрезентативци се запишаа во листата на стрелците, а најефикасен беше Узунчев со шест, додека Карасманакис постигна пет гола. , а сите останати ракометари од македонскиот состав се запишаа во листата на стрелци.
По победата на Франција против Полска во вториот натпревар од нашата група, јасни е дека Македонија и Франција ќе играат за 1.место, а воедно обезбедија и пласман во разигрување од 9 до 12 место.
Дуелот за место во групата меѓу Македонија и Франција ќе се игра во четвртот (18 јули) од 12 часот.