Ракометарите на Вардар ќе играат во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Ова го потврдија од ЕФХ.
Вардарци лани немаа среќа бидејќи во квалификациите за противник ја добија силната германска екипа Рајн Некар Левен.
Сега македонскиот вицешампион ќе ги прескокне квалификациите и директно ќе игра во групната фаза каде, црвено-црните ги очекуваат најмалку шест натпревари.
Kои ќе бидат противници на Вардар ќе дознаеме по жрепката закажана за 19 јули.