Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во контролните натпревари пред Евробаскетот. Откако на два пати беа поразени од Црногорците, македонските младинци денеска ја совладаа Словачка.
Во првиот од двата контролни натпревари Македонија беше подобра од Словачка со 60:53.
Од самиот почеток македонските младинци го контролираа резултатот, а најголемата предност ја има во осмата минута кога водеа со двоцифрена предност 19:9. Во продолжението двете се играше израмнето, со бројни осцилации во двата табора, па оние +10 беа најголемата предност која ја имаше Македонија.
Во нашата селекција само двајца кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, Јовановиќ заврши со 20, а Стојаноски со 12.
Вториот дуел Македонија и Словачка ќе го играат во недела во СЦ „Кале“ од 13 часот.
Овие натпревар се дел од подготовките за македонските младинци за настап на Европското првенство во полскиот град Гдиња.