Младинската репрезентација на Макеодноја за кошаркари до 20 години, ги почна подготовките за Евробаскетот.
Македонските младинци ги чека тежок предизвик, опстанок во „А“ дивизијата на Европско Првенство за кошаркари до 20 години. Тоа пак годинава ќе се одржи во периодот од 13 до 21 јули во Гдиња, Полска.
Селекторот Боро Смилковски го скрати списокот на повикани кошаркари на 18 кошаркари кои во периодот што следи, ќе се бодар да 12-те место во тимот.
Репрезентацијата ќе продолжи да тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч.
За јуни е предвиден уште еден двомеч, против Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.
На Европското првенство, Македонија ќе игра во Д групата против селекциите на Шпанија, Турција и Белгија.