Европската фудбалска федерација (УЕФА) подготви богат награден фонд за сите учесници на Европското првенство во Германија , а вкупната сума изнесува 331.000.000 евра. Секако од постигнатиот резултат зависат и премиите. Во најдобар случај репрезентацијата која ќе ја освои титулата може да заработи и до 28.250.000 евра.

Секој учесник во ЕУРО ќе добие нешто повеќе од 9 милиони евра. Победата во групната фаза носи 1 милион евра, ремито 500.000 евра, додека минувањето на групата дополнителни 1,5 милиони евра. Осумте најдобри, односно селекции четвртфиналисти ќе добијат по 2,5 милиони евра, а секоја наредна етапа носи се повеќе премии.

Полуфиналистите на тој начин ќе соберат уште по 4 милиони евра, додека финалистите покрај трофејот ќе имаат можност да освојат уште повеќе европски банкноти. Оној што ќе загуби во решавачката борба за титулата, односно вицешампионот ќе заработи 5 милиони евра, а победникот на ЕП 8 милиони.

Вака стигнуваме до последната бројка која вели дека шампионот на ЕУРО во Германија ќе заработи вкупно 28.250.000 евра, под услов, до трофејот да стигне со сите победи.

НАГРАДЕН ФОНД НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Вкупен фонд: 331.000.000 евра
Бонус за пласман: 9.250.000 евра
Победа во групната фаза: 1.000.000 евра
Нерешен резултат на групата: 500.000 евра
Пласман во осминафиналето: 1.500.000 евра
Пласман во четвртфинале: 2.500 евра,
Пласман во полуфинале: 4.000 евра
Поразен финалист: 5.000.000 евра
Шампион : 8.000.000 евра

Следете нé на нашите социјални мрежи