Репрезентацијата на Холандија со убедливата победа над Исланд со 4-0 ќе го чека стартот на Европскиот шампионат во Германија.

Сепак убавата вечер беше расипана со информацијата што ја објавија тамошните медиуми, а ja потврдија и од самата федерација. Во неа се вели дека Френки де Јонг нема да биде дел од тимот на европското.

И самиот фудбалер ја потврди оваа информација, па Де Јонг на својот инстаграм прифил напиша

„Тажен сум и разочаран што нема стигнам до ЕП. Направивме многу од тоа во изминатите неколку недели, но на мојот глужд му треба повеќе време за жал. Сон и најголема чест е да се претставува нашата земја на финален турнир. Носејќи го портокаловиот дрес, кошула, пеејќи го Вилхелмус и чувствувајќи ја поддршката од целата земја. Но, сега, како и целата портокалова легија, ќе навивам за нашиот тим од страна. Ајде да одиме момци“. 

Де Јонг веќе подолго време се мачи со повреда на скочниот зглоб, обновена за време на клупската сезона во Барселона. Фудбалерот од средниот ред имаше надеж дека навреме ќе се рехабилитира и дека ќе му се стави на располагање на селекторот Куман.

Сепак, тоа во моментов се покажа сосема како невозможно.

Холандија е дел од „Д“ групата во која се и репрезентациите на Франција, Австрија и Полска која исто така има проблеми со повредите.