Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди е пред трансфер во Серија А. Иако Барди има договор се до 2025-та со Трабзоспор, сепак јасно е дека македонскиот капитен, ќе го напушти турскиот клуб.

Според информациите на турските медиуми, сега Барди е на „пат“ да се пресели во Италија односно тимот на Торино.

Барди во зимскиот преоден рок беше поврзуван со германскиот тим Унион Берлин, сепак остана во Турција да ја заврши сезоната.

Тимот на Торино сега е заинтересиран во своите редови да го донесе македонскиот капитен. Од италијанската екипа веќе се распрашувале за можноста за откуп на неговиот договор.