Фантастично прво полувреме одиграа фудбалерите на Реал Мадрид – Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите што се игра на „Вембли“ во Лондон.
Иако најтрофејниот Реал важи за фаворит, сепак германскиот тим е оној кој има за што да жали по првиот дел.
Голема шанса да го отвори резултатот имаше Филкруг кој во 22-та минута ја погоди стативата од голот на Реал. „Милионерите“ беа поконкретни и постојано гфо загрозуваа голот на Куртоа. Се обиде и Сабицер од далечина во 42.минута., но голманот на Реал беше на вистинското место.
Како ме минат вторите 45-минути останува да видиме.
Реал атакува на 14-тиот, а Борусија само на вториот трофеј во елитното натпреварување.