Вечерва на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон, ќе биде спуштена „завесата“ на сезоната 2023/24 во европските фудбалски купови.

Во последниот натпревар, оној за трофеј, во елитната Лига на шампиони ќе се борат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

По освојувањето на Купот на Германија во 2021 година, тимот на Борусија вечерва ќе го брка првиот трофеј. Реал пак ќе се обиде да дојде до третата титула сезонава по освојувањето на шпанскиот Суперкуп и домашното првенство.

Милионерите го бркаат својот втор трофеј во Лигата на шампиони

Борусија заврши на 5.место во Бундес лигата сезонава, (најлош учинок од 2014/15 година), па со пласманот во финалето на ЛШ им ја спаси сезоната.

Ова ќе биде седмо европско финале „Милионерите“. Досега загуби четири во Куп на УЕФА ( Јувентус 92/93 и Феенорд 01/02), во УЕФА Суперкуп (Барселона 97/98 и Баерн 12/13).

Двата трофеи Борусија ги има воено во далечните 1965/66 совладувајќи го Ливерпул во Куп на победниците на куповите и против Јувентус во Лигата на шампионите во 1997 година.

Рекордерот Реал ja посакува 15-тата титула

Од друга страна, финалето на „Вембли“ ќе биде 20-то во Лигата на шампионите (вклучувајќи ја и КПК), за Мадрид.

„Кралевите“ во решавачките натпревари од елитното натпреварување загубија само пет пати (Челзи, Абердин, Ливерпул, Интер , Бенфика), додека европскиот трон го освоија во 14 наврати.

Реал и вечерва важи за фаворит, но тоа избраниците на Карло Анчелоти ќе мора да го докажат на теренот.

Големото финале меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе почне 21 часот.