Младата репрезентација на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе одигра два контролни натпревари. Македонските младинци ќе им гостуваат на соодветните селекции на Полска и Босна и Херцеговина.
Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1 јуни, во Радом. Четири дена подоцна (5 јуни) во Кониќ, играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Селекторот Драги Канатларовски, за претстојните мечеви се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Тасев Вардар – Неготино
Љупче Џеков – Силекс
ОДБРАНА:
Методи Максимов – Алесунд
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Шкендија
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Давор Серафимов – Шкупи
Ѓорѓе Џеков – Силекс
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске
Ардијан Цилафи – Сампдорија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Тузласпор
Алекс Златков – Македонија Ѓ.П.
Димитар Тодоровски – Работнички
Адријан Зенделовски – Сковде
Леонид Игњатов – Силекс
Ване Крстевски – Шкендија
Мартин Ѓеоргиевски – А.П. Брера
Бехар Фета – Марибор
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварада
Фитон Адеми – Шкендија
Филип Трпчевски – Устикен