Кошаркарките на Баскет Кам се ново-стари шампионки на Македонија.

По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа во Скопје. Во третиот натпревар од финалната серија Баскет Кам го победи Вардар со 77:74 и со 3-0 во победи ја затвори серијата.

Така, Баскет Кам стигна до еден историски подвиг кога станува збор за македонската женска кошарка. Тоа е прва екипа на која и успеало да ги обедини трите „круни“.

Покрај онаа во Супер купот, потоа и во Купот на Македонија, стигна и шампионската, највредната. Тоа е трета за клубот од Македонска Каменица во последните четири години, со што ја потврди доминацијата во женскиот сегмент на нашата кошарка.

Сосема заслужено, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на финалето.