Полека привршуваат натпреварите во младите категории во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Завршницата започнува со финален турнир во најмладата машка конкуренција.
Денеска (сабота) на програмата се полуфиналните натпревари.
Во првиот ќе играат домаќинот на турнирот Борец баскети и екипа на Водно Санс. Овој натпревар ќе се игра од 16 часот, а од 18 часот, за место во финалето ќе разигруваат Феникс и МЗТ Скопје Аеродром.
В недела ќе се играат финалето и дуелот за третото место во термините од 16 и од 18 часот. Сите натпревари се играат во салата „Гемиџии“ во Велес.
Натпреварите можете да ги гледате во живо овде.