Кошаркарите на Пелистер и Работниллки денеска ќе имаат нов дуел, третиот од полуфиналето во плејофот.
Откако на првите два натпревари во Скопје, двете екипи забележаа по една победа, сега следуваат два во Битола.
Пелистерци направија „брејк“ на првиот натпревар, со што предноста на домашниот терен Работнички ја загуби. Сега зелено-белите се во поповолна ситуација и тие ќе ја имаат поддршката од навивачите за остарување на целта, финале. А, до него ќе стигне тимот кој прв ќе оствари три победи.
Сезонава во салата „Боро Чурлевски“, Пелистер и Работниллки одиграа два натпревари. Првиот, првенствениот, го доби тимот од „Градски парк“, додека во полуфиналето на Купот беше подобар Пелистер.
Екипите добро се познаваа, па тешко дека нешто ново може да „измислат“ тренерите Радуловиќ и Самарџиев. Оттаму повеќе од јасно е дека поголемата мотивација и борбеност, ќе биде клуч за успехот во овој дуел.
Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички ќе почне од 18.30 часот. За утре во „Кале“ закажан е третиот дуел меѓу ТФТ и МЗТ Скопје, во кој шампионот влегува со предност од 2:0 во победи.
Натпреварите од плејоф серијата може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.