Вечерва ќе го дознаеме првиот финалист во фудбалската Лигата на шампиони. Борусија Дортмунд со гол предност ќе го почне реваншот во Париз.

На „Паркот на Принцовите“, гостите ќе се обидат ја одбранат минималната предност во дуелот со францускиот првак ПСЖ, но ќе се борат и против традицијата.

Предноста на домашниот терен е огромна.

Ова ќе биде осма средба меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд во европските натпревари. Двата тима досега имаат по две победи, а три натпревари завршија нерешени. Сите четири победи екипите ги забележаа пред своите симпатизери, а така беше и пред шест дена кога славеше Борусија.

Борусија Дортмунд трипати се соочува со ПСЖ на гости во Европа, но никогаш не победи. Два нерешени дуели и еден пораз е исходот на „Милионерите“ притоа без постигнат гол на „паркот на принцовите“. Германците беа поразени со 2-0 на гостувањето во Париз, во групата фаза сезонава одигран во септември. На тој натпревар „милионерите“ упатија само еден удар кон голот на противникот.

Францускиот првак игра ефикасно на домашен терен, кога во прашање се настапите во Лигата на шампионите. ПСЖ не успеа да ја затресе противничката мрежа на два од последни 38 натпревари, а има постигнато 93 голови.

ПСЖ по второ, Борусија брка трето финале.

Пари Сен Жермен има за цел по втор пат да се пласира во финалето, откако тоа на „Светците“ им успеа во сезоната 2019/2020. Борусија пај може да го стори тоа по трет пат во својата историја (1996/97 и 2012/13).

ПСЖ би можел да биде првиот тим што го загуби првиот меч во четвртфиналето и полуфиналето, а потоа да се пласира во следната сезона.

Кој ќе излезе како побеник вечерва и кој ќе патува на „Вембли“ во Лондон на големото финале, ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне од 21 часот.