Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен вечерва ќе го играат првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во последните четири години двата тима одиграа четири меѓусебни натпревари.
Во сезоната 2020/21 се сретнаа во осминафиналето. ПСЖ по поразот на првиот натпревар (2:1) на домашен терен победи со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето. Останатите два дуели беа во овогодинешното издание на Лигата на шампионите во групната фаза. Французите повторно беа подобри во Париз (2:0), додека во Дортмунд беше 1:1.
Популарните „милионери“ ќе имаат тешка задача по 11 години повторо да играат во големото финале.
Избраниците на Един Терзиќ во вечерашниот натпревар влегуваат по поразот од Лајпциг (4:1) изминатиот викенд. Со него значително се оддалечија од пласман меѓу четирите најдобри екипи во првенството и пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Единствен спас за Борусија би можел да биде дополнително место во елитното европско натпреварување за Бундеслигата. Италијанските клубови според коефициентот веќе обезбедија пет претставници во Лигата на шампионите, а германските клубови се на добар пат да го сторат истото.
ПСЖ има лоша традиција, во дуелите со германските екипи.
„Светците“ во овој меч влегуваат со обезбедена нова титула во шампионатот на Франција. Иако одиграа 3:3 со Авр, сепак, поразот на Монако од Лион и математички на парижаните им ја обезбеди титулата. Но, она што може да го загрижи шпанскиот стручњак, Луис Енрике е „скорот“ на ПСЖ во дуелите со екипите од Германија. Имено, на последните седум натпревари францускиот тим забележа само еден триумф, два нерешени исходи и дури четири порази.
Дали Борусија и ПСЖ се подготвени да понудат возбудувања како што беше вчерашното меѓу Баерн и Реал, останува да видиме.
Дуелот во Дортмунд ќе почне во стандардниот термин од 21 часот.