екипата на Интер е новиот фудбалски шампион на Италија. Популарните „неро-азури“ на пет кола до крајот на првенството го потврдија новиот шампионски трофеј.

Тоа Интер го стори на „најсладок“ можен начин добивачи го големиот градски ривал Милан со 2:1.

Во 18-тата минута Франческо Ачерби му донесе предност на Интер од 1:0. По само четири минути игра во цториот дел (49) Французинот, Маркус Турам го постигна вториот гол. Милан преку Англичанецот, Томори во 79-тата минута намали на 1:2.

Интер има недостижни 17 бодови повеќе од Милан кој е втор, а до крајот на првенството остануваат пет кола или вкупно 15 бодови.

За Интер ова е јубилејна 20-та титула шампион на Италија и сега има една повеќе од Милан кој е трет на вечната листа. Убедливо прв со најмногу шампионски трофеи е Јувентус кој во своите витрини има дури 36 трофеи првак во Серија А.