Њујорк Никс поведe со 2-0 во против Филаделфија, откако славеше во драматична завршница на вториот натпревар.
Имаа гостиѕте шанса за победа, но не ја искористија. На 26 секунди до крајот 75-ките водеа со 101:96, но потоа започнаа серијата од 8:0 Никс. Тројките на Џејлен Брунсон и Донте ДиВинченцо и две слободни фрлања на Ануноби за победа со конечни 104:101.
Џоел Ембид шутираше за три поени со сирената и промаши.
Брансон ги предводеше Никс со 24 поени, осум скока и шест асистенции, а Харт додаде 21 поен и 15 скока.
За Сиксерси, Тајрис Макси постигна 35 поени со 10 асистенции и 9 скока, а Ембид заврши со 34 поени, 10 скока и шест асистенции.
Предноста на домашниот терен ја искористи Кливленд, кој ја избегна драмата против Орландо. Кавси го добија вториот натпревар со 96:86 и поведоа со 2-0 во серијата.
Донован Мичел постигна 23 поени со осум скока, а Еван Мобли имаше 17 поени со седум скока. Кај поразените Паоло Банчеро постигна 21 поен, а Франц Вагнер 18 поени со седум скока.