Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна нов гол за својот тим Абердин. Во полуфиналето на шкотскиот куп, Абердин на пенали е поразен од Селтик.

Миовски со Абердин бркаа ново финале, откако го освоија Лига Купот со победата над Глазгов Ренџерс, но не успеаја во тоа.

На штипјанецот му беа доволни само две минути, по една брза контра, да ја затресе мрежата на гигантот. За Миовски денешниот е вкупно 25-ти гол сезонава во дресот на Абердин.

Селтик сепак успеаја да израмни на 1-1 преку Кум во 21-вата минута. Во вториот дел беа постигнати уште по два гола на двете страни, па резултатот на крајот гласеше 3-3. Така беше и по продолженијата по што се изведуваа пенали.

Во нив поуспешни беа фудбалерите на Селтик кои дури во седмата серија стигнаа до победата и пласманот во финалето.