Голема победа за ракометарите на Мулти Есенс во првиот натпревар од 10.коло од Супер лигата плеј аут. Тие на домашен терен во Автокоманда го совлада лидерот на табелата Прилеп со 34:33 (19:20) и се вратија во игра за третата позиција на табелата и пласман во баражот.

Целиот натпревар мина во менување на водството на двата тима и натпреварот беше изедначен 23 пати. Првата посериозна разлика ја направија ракометарите на Мулти Есенс со серија од 6-0 поведоа со 15:10, но веднаш вратија гостите од Прилеп со серија од 7-1 стигнаа до водство од 17:16. Ефикасното прво полувреме заврши со 39 голови (19:20).

Во вториот дел разбирливо имаше помалку голови, но борба на теренот повторно во изобилство. По 27:27 и 21-то изедначување серија од 3-0 за Мулти Есенс во 55.минута, но и тоа не беше доволно за победа. Одбраната на голманот Ерманоски во последната минута на еден предност за неговата екипа се покажа решавачка. Голот за победа и два разлика го постигна Ивановски.

Давид Димески со 9 голови беше најефикасен кај домашните, додека Пеце Рајатоски постигна 10 голови кај Прилеп.

Победата на Мулти Есенс беше секако најголемата честитка за роденеденот на нивниот тренер Миле Бочкаровски.