Екипите на Соколи и Маџари за место во полуфиналето на второлигашкиот плејоф, ќе мора да одиграат и трет натпревар.

Ова откако во реваншот од четвртфиналето штипјани стигнаа до убедлив триумф над Маџари. Пред своите навивачи во салата „Јордан Мијалков“, Соколи славеа со 87:72 и го израмнија резултатот на 1-1 во победи.

Екипата од Штип одигра одлично прво полувреме во кое се стекна со голема предност (46:27). Но тука и не застана, затоа што по три одиграни периоди, таа разлика беше уште повисока (67:41). Така оној последниот се претвори во обична формалност.

Митев реализираше 18.поени, Коцев и Мирков дадоа по 15, капитенот Шајкаров постигна 12, а Дуев дополни со 11.поени за екипата на Соколи.

Во противничката, Настовски даде 17.поени, К.Блажевски имаше 11, а Тодоровски беше стрелец на 10.поени.

Мајсторката ќе се игра пристојниот викенд во Скопје, а победникот во полуфиналето оди на мегдан на Шкупи.

Во првото полуфинале ќе играат не поразениот МКК Куманово и Ангели тим кој го елиминира МЗТ Скопје 2.