Во женското одбојкарско првенство на Македонија, попладнево започнува финалната серија во плејофот. Во Струмица ќе се игра првиот натпревар за шампионскиот трофеј, до кој се стигнува со три победи.
За него ќе се борат одбојкарките на Струмица и актуелните шампионки одбојкарките на Работнички.
Струмичанки ќе ја имаат благата улога на фаворит, имајќи го во предвид нивниот ефект во текот на целото првенство. Тие сезонава одиграа 21 натпревар, на кој остварија 20 победи, а само еднаш беа совладани. Тој еден пораз дојде токму од екипата на Работнички пред нешто повеќе од еден месец.
Двата тима се судрија и во полуфиналето на Купот на Македонија, дуел кој по голема борба и со пресврт го добија струмичанки. Екипата на Струмица подоцна триумфираше и во финалето и го освои првиот трофеј во клупската историја. Сега составот на Струмица ќе атакува и на двојна „круна“ нешто што лани им успеа на скопјанки. Екипата на Работнички пак ќе се обиде по трет пат во низа да ја освои шампионската титула.
Финалната серија се игра во три добиени натпревари, а започнува попладнево од 17 часот.
Распоредот на натпреварите може да го видите овде
Меѓусебни дуели Струмица 4:1 Работнички сезонава (2023/2024)
Првенство
15.11.2023 Струмица жени – Работнички Скопје 3:1 25-19 16-25 25-22 25-20
13.12.2023 Работнички Скопје – Струмица жени 1:3 19-25 25-17 22-25 21-25
17.02.2024 Струмица жени – Работнички Скопје 3:1 17-25 25-15 25-14 28-26
11.03.2024 Работнички Скопје – Струмица жени 3:1 25-16 25-18 23-25 25-21
Полуфинале Куп
22.03.2024 Струмица жени – Работнички Скопје 3:2 24-26 24-26 25-22 25-17 15-13