По одигрувањето на осумте осминафинални серии, познати се и екипите кои ќе играат во четвртфиналето во младинската конкуренција до 14 години.
Тоа се екипите на: Феникс , Црн Дрим, Гостивар, Работнички, Љуботен, МКК Куманово, Вардар и Водно санс. Веќе овој викенд, тие ќе продолжат со натпреварувањето кое води до завршниот турнир од оваа натпреварувачка категорија.
Предвидени термини за одигрување на четвртфиналните серии се: 13.април и 20. април, додека евентуалниот, трет натпревар, ќе се игра на 27.април, на теренот на подобропласираните екипа во регуларниот дел од сезоната.
Победниците на четирите серии во четвртфиналето, ќе играат на завршниот турнир кој ќе се игра на 18 и на 19 мај.
ПЛЕЈОФ У14 – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
13/14. АПРИЛ (САБОТА/НЕДЕЛА)
Феникс – Водно санс
Вардар – Црн Дрим
Гостивар – МКК Куманово
Љуботен – Работнички