Екипата на Викторија Плзен и одолеа на домашен терен на Фиорентина. Со 0:0 заврши првиот четвртфинален дуел од Конференциската лига одигран во Чешка.

Првиот дел не донесе многу возбуда. Шанси скоро и да немаше на двете страни. Фиорентина управуваше со поседот на топка, но сепак до гол не дојде.

Промена во вториот дел немаше. Фиорентина го имаше поседот, упатуваше шутеви кон голот на Плзен но ниту еден не успеа да ја затресе мрежата.

Со реми ќе се тргне во Италија, каде на домашен терен Фиорентина ќе се обиде да ги исфрли Плзен. Реваншот се игра на 18 Април во Фиренца.