Кошаркарите на Пелистер ги дели само една победа до пласман во полуфиналето на Првата лига. Пелистерци пред својата публика го совладаа Еуро Никел со 90-85 во вториот дуел од четвртфиналната серија и победа со 2:0 во победи.

Со само една добра четвртина, последната, кавадарчани не можеа да се надеваат на успех. Првите три ги добија пелистерци кои во последната влегоа со +13 (70-57). На стартот на последната имаа и најголеми +19 (76-57), но тука подзастанаа. Му дозволија на Еуро Никел да одигра како што посакува па во завршницата се влезе со +3 за пелистерци. Сепак немаа сили и време гостите за комплетен пресврт па Пелистер славеше со конечни 90-85.

Алаксандар Костовски со 25 поени и Андреј Маслинко со 21, беа првите имиња во победничката екипа, а кај гостите Дубински постигна 23, а Врањеш 20 поени.

Серијата подобар од три се сели во Кавадарци за каде се планирани следните два натпревари.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ
Среда

(2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 100-94 (2:0 во победи)
(3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 90-85 (2:0)
Четврток
21.00 (4) ЧАИР – ТФТ (1:0)
Сабота
18.00 (1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР (1:0)