Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А од квалификации за пласман на Европско првенство.
Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0).
Денеска на мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50.минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.
Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.