Викендов беа одиграни натпреварите од 26.коло во Првата фудбалска лига. По, нив судиската комисија ќе има полни раце работа.

Откако на дуелот Вардар – Струга ТЛ не беше досуден чист пенал за домаќините, голем пропуст и на дуелот во Охрид.

Од тимот на Работнички со видео материјал потврдуваат дека нивната екипа е оштетена за чист гол во натпреварот против Воска спорт што заврши 1-1.

Ваквата одлука на главниот судија Јован Качевски и неговиот прв помошник Клемент Ристоски (двајцата од Струга), драстично ги оштети „романтичарите“.