Македонскиот репрезентативец Владир Егоров не успеа да обезбеди пласман за Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз летово.

На квалификациите за ЛОИ што се одржуваат во Баку, Азербејџан, откако Егоров ги доби првите две борби (до 57.кгр), беше поразен во четвртфиналето.

Егоров загуби на поени со 3-4 од домашниот борач Алибабас Разеде со што не успеа да обезбеди Олимписка норма.

Шансата Македонија да има претставки во борење на ЛОИ во Париз, нашите репрезентативци ќе ја бараат на последниот светски квалификациски турнир во закажан за мај месец во Истанбул.