Атлетик Билбао по 25-ти пат е освојувач на Купот на Кралот во Шпанија. Во финалето против Мајорка, Баскијците беа поуспешни во пенал рулетот откако натпреварот заврши 1:1 во регуларен дел, но и по продолженијата.

Во првото полувреме екипата на Мајорка беше подобар противник. Мајорка поведе со 1:0 со голот на Даниел Родригез во 21.та минута.

Стартот на второто полувреме го смени текот на играта. Атлетик Билбао изедначи на 1:1 во 50.та минута со голот Оихан Санчет. По регуларниот дел се замина на продолженија.

Во продолженијата немаше промена на резултатот. Атлетик го напаѓаше голот на Мајорка која успеваше да се одбрани одново и одново. Натпреварот се реши по пенал рулетот. Пенал рулетот го доби Атлетик Билбао кој ги реализираше сите свои пенали, за разлика од Мајорка кои беа неуспешни во обидите 3 и 4 обид односно кога шутираа Ману Морланес и Немања Радоњиќ.

Атлетик по 25-ти пат се радува на куп трофејот во Шпанија по точно 40 години откако последниот го освоија во 1984 година.