Попладнево во Баку женските ракометни репрезентации на Азербејџан и МАКЕДОНИЈА, ќе играат квалификациски натпревар за ЕП 2024-та.

Овој важен дуел за женскиот македонски ракомет, нашата јавност ќе може да го следи само преку преносот на регионалната Арена Спорт.

Но, она што боде во очи е кратенката на нашата земја, која азербејџанскиот бродкастер, што ќе го прави ТВ преносот, е во најмала рака НЕ СООДВЕТНА.

Меѓународниот код за МАКЕДОНИЈА е МКД, а според она што се гледа од фотографијата, Азербејџанците ќе користа не постоечки код НМА!?

Ваков код не постои за ниту една земја на светов, а најмалку за МАКЕДОНИЈА.

Дали во меѓувреме ќе има реакција од Ракометната федерација на Македонија до организаторот останува да видиме низ ТВ преносот.

Натпреварот ќе започне од 15 часот.