Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во наредниот период од најмалку три седмици ќе биде без Бојан Крстевски.
Деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата на Бојан Крстевски е од посериозен карактер и дека ќе мора да паузира во следните три до четири недели.
Искусниот центар го повреди прстот на десната рака на мечот против ТФТ на неодамнешниот турнир од АБА2-лигата во Широки Брег, по што мораше да му биде имобилизиран. Крстевски поради тоа ги пропушти преостанатите две средби во БиХ, а потоа и дуелите против Вардар и Академија ФМП од домашното првенство. Тој нема да биде во тимот и на претстојните четврт-финални серии во двете натпреварувања.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром следниот меч ќе го одиграат в петок на домашен терен против Гостивар (19 часот).
МЗТ го чека и настап во плејофот на АБА2 чигата веќе следната среда (10 април) против Широки, исто така во салата „Јане Сандански“.