Речиси нема натпревар на кој младиот македонски кошаркар Рубин Стефанов не е најдобар стрелец во екипите за кои настапува во Италија.

19 годишниот кошаркар, син на легендарниот Врбица Стефанов, продолжува со фантастичните настапи. Во последниот одигран за тимот на Унибаскет во конкуренцијата У19, Рубин го одведе својот тим до плејофот. Во последното коло регуларниот дел на сезоната, кој неговата екипа мораше да го добие, Стефанов постигна 21 поен во победата над Росето со 64-54. Со овој триумф екипата на Унибаскет обезбеди пласман во плејофот на национално ниво, а противник ќе биде Кремона.

Младиот Стефанов со вкупно 469 или 24,7 по натпревар, е убедливо прв стрелец во целата оваа конкуренција, на национално ниво. Неговиот рекорд сезонава е 51 поен против Пеуџа.

И во сениорска конкуренција, настапувајќи за екипата на Пескара, младиот Рубин е прв стрелец.

Иако пропушти неколку натпревари поради повреда на скочниот зглоб, сепак Стефанов е лидер просечно постигнувајќи по 21,4 поени по натпревар.