Во Првата машка кошаркарски лига следува разигрувањето на шампионскиот трофеј, како и она за опстанок во „елитата“.

Веќе во петок започнуваат натпреварите во двете конкуренции.

Во плејофот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја отвора серијата (подобар до три победи) со Гостивар. Во Охрид истоимената домашна екипа е домаќин на Академија ФМП во првата од шесте рунди во плејаутот.

Останатите натпревари во двете конкуренции ќе се играат во сабота.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (во три добиени)
петок

19.00 (1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР
сабота
18.00 (2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
19.00 (3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 (4) ЧАИР – ТФТ

*Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА
Петок

19.00 ОХРИД – АКАДЕМИЈА ФМП
Сабота
18.00 КОЖУВ

ТАБЕЛА: Кожув 27, Охрид 26, Академија ФМП 26, Вардар 25