Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ влезе во „одбраното“ друштво на само шестмина тренери во ВТБ лигата.

Имено, со победата над Локомотив Кубан (86-73), Рајковиќ со својата екипа ЦСКА Москва стигна до бројката од 100 победи.

Рајковиќ во ВТБ лигата е веќе шест сезони. До оваа бројка од 100 победи, тој дојде предводејќи ги екипите на Астана, Автодор и ЦСКА Москва.