Викендов во СЦ „Јане Сандански“ се одржа меѓународниот таеквондо турнир „Скопје Опен 2024-та“.

Нашите најдобри таеквондисти Милјана Рељиќ и Дејан Георгиевски се закитија со златни медали.

Мила на патот до златото не изгуби ни една рунда. Во првата борба таа ја победи Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2:0 во рунди. Во следното коло Мила беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора). Во полуфиналето ја совлада Италијанката, Кристина Гаспа, а финалето Мила ја победи и Јулика Шпак.

Дејан Георгиевски до златото елиминира двајца борци од Франција.

На „Скопје опен“ настапија 800 борци од 40 држави и 220 клубови.