Најдобриот стрелец на Црвена Звезда во Евролигата, Немања Недовиќ повеќе нема да игра за репрезентацијата на Србија. Својата одлука тој ја соопшти во понеделник по натпреварот од АБА лигата.

Недовиќ кој своевремено настапуваше и во НБА лигата во Голден Стејт Вориорс се повлече од репрезентацијата минатото лето пред Светското првенство,. Тогаш се зборуваше дека таа одлука е привремена, но сега е конечна.

„Завршив со репрезентацијата минатото лето за време на подготовките за Светското првенство.

Моето тело веќе не можеше да издржи такви напори. Минуваат годините, стареам, клупската сезона се подолга и едноставно ми треба одмор.

Во меѓувреме добив и дете, веќе не можат да го следат тој ритам, а доаѓаат и помладите“, изјави Недовиќ.

Без одлилниот Недовиќ, Србите ќе бидатат ослабени на  Олимписките игри. Тие во Париз ќе играат во иста група со топ фаворитот САД, Јужен Судан, а ќе им се придружи и победникот од квалификациите во Порторико. Во нив, покрај домаќините ќе играат и: Италија, Бахреин, Мексико, Литванија и Брегот на Слоновата Коска.