Во НБА лигата ноќеска беа одиграни осум натпревари, а неколку од нив привлекоа поголемо внимание.

Таков беше последниот во Лос Анџелес каде Лејкерси многу полесно од очекуваното славеа победа над Атланта со 136-105. Д’Анџело Расел и Леброн Џејмс беа творци на овој триумф на „езерџиите“ остварувајќи двоен ефект. Расел беше најефикасен со 27 поени на кои додаде 10 скокови, реализирајќи 6 тројки, а вкупно 183 сезонава. Со тоа Расел ги мина остварувањето на Коби Брајант од сезоната 2005-06, а го израмни рекордот на Ник Ван Ексел поставен во 1994-1995 година. Леброн заврши со 25 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Тимот на Голден Стејт никако да врзе две победи во низа. Откако славеа над Лејкерси пред два дена на гости, сега „Виините“ е поразен пред своите симпатизери. Голден Стејт загуби од Њу Јорк со 112-119 и го претрпеа 35-тиот пораз.

Џејлен Бронсон беше нерешлива загатка за „Вориорс“, па постигна 34 поени на кои додаде 7 асистенции, а имаше поддршка од МекБрајд кој броеше до 29 поени.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Сакраменто и Мемфис, а победа по продолжение забележаа домаќините со 121-11. На „Кингс“ не им помогна ниту расположениот Литванец, Сабонис кој повторно имаше дабл-дабл со 25 поени и 18 скокови, како и Монк кој постигна 28 поени.

Лидерот во Источната конференција Бостон ја оствари шестата победа во низа, а деветта едноподруго на домашен терен. „Селтикс“ очекувано славеа во дуелот со една од најслабите екипи во лигата Детроит со 119-94. Дури четворица кошаркари на Бостон постигнаа 20+ поени, а најмногу Џејлен Браун 31, за 54-тата победа на Бостон сезонава.