Лионел Меси и Луис Суарез повторно беа најзаслужни за новиот успех на екипата на Интер Мајами. Аргентинско-уругвајскиот тандем го одведоа Интер Мајами до четвртфиналето на КОНКАКАФ.

Мајами го победи Нешвил со 3-1 во реванш осминафиналниот меч и се пласира меѓу осумте најдобри во Купот на шампиони на Централна и Северна Америка.

Токму Меси и Суарез беа творци направите два гола. Аргентинецот му асистираше на Уругваецот за првиот, а го постигна вториот.

Меси ја напушти играта во 50.минута поради полесна повреда, а Тејлор, кој го замени, погоди за 3:0. На самиот крај, Сариџ постигна почесен гол за гостите.

Во четвртфиналето Мајами ќе игра со подобриот од двомечот на Монтереј – Синсинати.