Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни два натпревар. Обврските на ТФТ и МЗТ Скопје во АБА2 лигата се причината за тоа. А, токму овие два тима ќе играат меѓусебно и во македонското дерби на последниот „балон“ во Широки.

Како увертира на тој натпревар, денеска кошаркарите на ТФТ и МЗТ Скопје ќе треба да ја одработат обврската во домашното првенство.

Тонот од населбата Тафталиџе својот меч од 20.коло ќе го игра како домаќин и тоа во СЦ „Кале“ каде ќе го пречека кавадаречки Еуро Никел. Овој натпревар ќе се игра во попладневниот термин од 18 часот, додека во вечерниот од 21, е закажан дуелот во Чаир. Во него шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостува на незгодниот Чаир тим кој пред својата публика сезонава има само еден пораз и дури осум победи.

Потсетување дека вчера својата „домашна“ обврска ја одработи уште еден АБА2 лига, битолски Пелистер, кој славеше на гостувањето кај Вардар.

Останатите три натпревари од ова коло ќе се играат претстојниот викенд.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
четврток
18.00 ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
сабота
15.30 АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
недела
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД
одиграно вчера (среда)
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Пелистер 34, Чаир 32, Еуро Никел 32, ТФТ 31, Феникс 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 23;