Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, кон ја очекуваа два нови натпревари во евро-квалификациите. 

Селекцијата почна одлично со гостинска победа против Шведска, но потоа следуваа три порази во низа.

Затоа ги селекторот Драган Канатларовски смета дека дуелите со Гибралтар и Шведска ќе бидат исклучително важни. 

„Нé очекуваат два многу битни натпревари. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна“, =

изјави Канатларовски кој дополни:

„На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви.

Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки.

Канатларовски ќе има дополнителни главоболки бидејќи дел од играчите пријавија и повреди.

„Во Скопје ќе допатуваат сите играчи кои се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба ќе бидат повикани дополнително нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата“, вели Канатларовски.

Селекторот веќе го објави поширокиот список на играчи, а првата прозивка ќе ја направи во понеделник (18 март) во 12 часот во хотел „Хилтон“.