Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска.
Натпреварите од Елитната рунда квалификации ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски” и стадионот на Македонија Ѓ.П.
Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата 7 заедно се репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Младите македонски фудбалери своите натпревари ќе ги играат на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски” крај ФФМ.
Во рамките на 1.коло избраниците на селекторот Тони Јакимовски ќе се соочат со Украина на 20 март. На 23 март, Македонија силите ќе ги одмери со Швајцарија, а во 3.коло кое на програмата е на 26 март Македонија ќе игра против Летонија.
Сите натпревари ќе бидат одиграни со почеток во 14. часот.
Победникот во групата 7 од квалификацискиот турнир во Скопје, ќе биде учесник на Европското првенство 2025 година во Северна Ирска.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Тони Јакимовски за претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Љупче Џеков – Силекс
Петар Јакимов – Беласица
Давид Стојановиќ – Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Анес Мељичи – Шкендија
Андреј Велков – А.П. Брера
Андреј Аризанковски – А.П. Брера
Даниел Марковски – Хелсенборг, Шведска
Ѓорѓе Џеков – Силекс
Марко Стојилевски – А.П. Брера
СРЕДЕН РЕД:
Валон Алији – Унион Берлин, Германија
Зани Назифи – Беса
Мухамед Елмас – Гостивар
Мартин Ѓоргијевски – А.П. Брера
Теодор Николовски – Работнички
Лорик Каба Јакупи – Шкендија
Лорик Мухтари – Еицхеде, Германија
Амир Нухија – Арсими
Димитар Данев – Работнички
Адриан Зенделовски Сковде АИК, Шведска
НАПАД:
Хакија Цановски – Сент Гален, Швајцарија
Никола Величковски – Македонија Ѓ.П.